Loading Video...
Фудбал
4. August 2019 - 18:33

Манчестер Сити подобар од Ливерпул во Супер купот на Англија

 
 
 
Англискиот шампион, Манчестер Сити со трофеј во „Супер купот“ ја започна новата сезона
 
На натпреварот од популарниот „Комјунити Шилд“, одигран во Лондон на „Велмбли“, екипата на Манчестер Сити по подоброто изведување на пенали беше подобра од Ливерпул. 
 
Во регуларниот дел, популарните „граѓани“ поведоа со голот на Рахим Стерлинг уште во 12.минута, а „црвените“ израмнија преку Жоел Матип во 77.минута. 
 
Во пенал „рулетот“ единствено не успеа да погоди Вајналдум, односно неговиот удар го одбрани голманот Клаудио Браво. 
 
Така тимот на Манчестер Сити го освои петтиот свој трофеј во „Комјунити Шилд“, односно Супер купот на Англија.