Фудбал
23. јуни 2020 - 15:40

Манчестер Сити „немилосрден“ во дуелот со Барнли

Екипата на Манчестер Сити оствари убедлива победа над Барнли во натпреварот со кој беше комплетирано 30.коло на Премиер лигата. 
 
Целата работа фудбалерите на Манчестер Сити ја завршија во првиот дел кога со головите на Фоден и два на Марез веќе остварија предност од 3:0, која во второто полувреме само ја зголемија, па по погодоците на Силва и вториот на Фоден, стигнаа до убедлива победа со 5:0. 
 
Така популарните „граѓани“ сеуште ја одложуваат шампионската промоција на Ливерпул, кој на осум кола до крајот на сезоната има 20 бодови предност во однос на Манчестер Сити 
 
Вечерва се играат три меча од 31-та рунда, во која Ливерпул утре го пречекува Кристал Палас, а во среда Манчестер Сити во дербито му гостува на Челзи.