Loading Video...
Фудбал
10. January 2018 - 15:51

Манчестер Сити на чекор до финалето во Лига купот

Екипата на Манчестер Сити многу потешко од очекуваното го совлада тимот на Бристол Сити во првиот полуфинален меч во Лига купот на Англија. 
 
Иако  гостите кои први поведоа со голот на Боби Рид во 44.минита, беа во игра да останат непоразени до самиоткрај сепак тоа не се случи. 
 
Прво, Стерлинг 55-тата израмни на 1-1, а Кун Агуеро во третата минута од судиското дополнение го постави конечните 2-1 на Сити. 
 
Реванш дуелот ќе се игра на 23 јануари, а вечерва во големото лондонско дерби на „Стенфорд Бриџ“ ќе се сретнат Челзи и Арсенал.