Loading Video...
Фудбал
20. December 2017 - 16:19

Манчестер Сити и Арсенал се пласираа во 1/2-финалето на Лига Купот

Манчестер Сити се пласира во полуфиналето на англискиот Лига „Карабао“ Куп. 

„Граѓаните“ место меѓу четирите најдобри обезбедија со победата над Лестер и тоа по изведувањето на пенали со 4-3 откако разуларниот дел заврши 1-1

Сити победи со голот на Силва во 26.минута, а Џејми Варди дури во седмата минута од судиското дополнение (90+7) од пенал го израмни резултатот. 

Сепак во пенал рулетот ударите на Варди и Махрез гостинскиот голман Клаудио Браво ги одбрани ударите конечен триумф со 3-4. 

Пласман во полуфиналето обезбеди и Арсенал кој со голот на Велбек со 1-0 го победи Вест Хем.

Последните двајца патници во полуфиналето ќе бидат познати вечерва по одигрувањето на средбите Челзи – Бурнемунд и Бристол Сити - Манчестер Јунајтед. 

Натпреварите од 1/2-финалето ќе се играат на 9 и 10 јануари, а  реваншите на 23 и 24 јануари.