Loading Video...
Фудбал
19. May 2019 - 15:31

Манчестер Сити го освои и ФА Купот

Фудбалерите на Манчестер Сити сезоната ја завршија со три освоени трофеи. Откако најнапред го осоија Лига купот, а потоа и титулата во Премиер лигата, популарните „Граѓани“ сезоната ја завршија и со трофеј во ФА Купот. 
 
А, до него Манчестер Сити стигна со убедливата победа во финалето одиграно на „Вембли“ во кое го „демолираа“ составот на Ватфор со убедливи 6:0. 
 
Сепак за избраниците на Пеп Гвардиола останува горчината и неуспехот во Лигата на шампионите во која Манчестер Сити беше елиминиран во четвртфиналето од англискиот ривал Тотенхем кој на 1.јуни во Мадрид ќе игра во финалето во кое за противник ќе го има Ливерпул.