Loading Video...
Фудбал
12. May 2019 - 19:44

Манчестер Сити е нов шампион во Англија

Фудбалерите на Манчестер Сити ја одбранија титулата во Премиер лигата откако попладнево убедливо со 4-1 славеа на гостувањето кај Брајтон со што ја задржаа предноста од еден бод пред Ливерпул кој мораше да се задоволи со вицешампионската титула иако го заврши шампионатот со победа од 2-0 против Вулверхемптон.

            Со ваквиот епилог екипата на Јирген Клоп останува без трофеј во Англија откако е формирана Премиер лигата иако во еден дел од сезоната имаше предност од 7 бода на врвот на табелата.  Останува да се заокружи сезоната со трофеј во лигата на шампионите каде Ливерпул за противник ќе го има тимот на Тотенхем.

            И додека Ливерпул 29-та сезона по ред останува без шампионска титула за граѓаните ова е 6-ти историски трофеј од кои 5 во новиот милениум.