Loading Video...
Фудбал
6. March 2018 - 9:36

Манчестер Ј. со пресврт победа против К.Палас

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед остварија тешка победа на гостувањето кај Кристал Палас со 3-2 и тоа со голот на Немања Матиќ во 91м.

Домаќинот кој грчевито се бори за опстанок водеше со 2-0 со головите на Таунзенд и Ван Анхолт се до 55 минута кога Смолинг најави пресврт. Лукаку 10-тина минути подоцна израмни на 2-2 е победата ја донесе евроголот на Матиќ. 

Со овој пораз Кристал Палас испушти можност да ја напушти опасната зона додека тимот на Мурињо се врати на второто место.