Loading Video...
Фудбал
26. September 2019 - 15:10

Манчестер Ј. – Челзи и Ливерпул – Арсенал во 1/8-финалето на Лига купот

 
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, се изнамачија да стигнат до осминафиналето на англискиот Лига Куп. Пред својата публика на „Олд Трафорд“ дури по подоброто изведување на пенали го совладаа нисколигашот Рочдајл. 
 
Откако регуларниот заврши нерешено 1:1, а двата гола ги постигнаа тинејџерите, 17-годишниот Мејсон Гринфод кој погоди за домаќините, односно 15-годишниот Лук Метсон кој беше стрелец на голот на гостите. 
 
Сепак, во пенал-рулетот поуспешни беа „црвените ѓаволи“, кои во следната рунда ќе имаат тешка задача бидејќи ќе гостуваат во Лондон кај Челзи.
 
Второто дерби од осминафиналето  ќе се игра на „Енфилд“ каде Ливерпул ќе го пречека Арсенал. 
 
Бранителот на трофејот во Лига Купот, Манчестер Сити за противник ќе го има Саутемптон. 
 
Комплетни двојки за  1/8 финалето во Лига Купот
 
Челзи - Манчестер Јунајтед
Ливерпул - Арсенал
Манчестер Сити - Саутемптон
Евертон - Вотфорд
Астон Вила - Вулверхемптон
Оксфорд Јунајтед - Сандерленд
Бартон - Лестер Сити
Кроули - Колчестер
 
Натпреварите од осминафиналната рунда ќе се играат на 27 и 28 октомври.