Манастирскиот комплекс Балаклија најпосетувано туристичко место во Делчево
Манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“ е најпосетено туристичко место во Делчево. Најмногу гости има за викенд, но комплексот е полн и во текот на работните денови.
– Се грижам да биде чисто за гостите кои доаѓаат најмногу од Бугарија и од нашата држава, но и за туристите од други земји. Секоја ден има гости, но најмногу од странство и најмногу во недела, вели домаќинот Љупчо Ристов, кој веќе 15 години се грижи за хигиената во комплексот.
Она што му фали на комплексот се маси и столчиња, а Ристов апелира до надлежните да помогнат.
– Пред некој месец имавме донација од гимназијата во Делчево, која ни донираше неколку клупи и маси, но потребни ни се повеќе. Оние кои ги имавме, веќе се стари и мора да се обноват, вели Ристов.
Комплексот „Св.Богородица Балаклија“ се наоѓа на еден километар од Делчево во правец кон планината Голак. Изобилува со убава природа, а во негова близина изграден е манастир, под кој на 50 метри, според верувањата на мештаните, тече лековита вода.
Ново на Сител
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО