Македонија
3. July 2016 - 16:42

Манастирската црква на Попова Шапка, Свети Наум Охридски Чудотворец денес го празнува својот патрон

Со света боженствена литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот на Тетовско - Гостиварската епархија Г Јосиф, беше одбележан празникот Свети Наум Охридски Чудотворец во истоимениот манастирски комплекс на Попова Шапка. Свети Наум кој ја проповедал светоста треба да биде пример за враќање кон нашите вистински вредности, порача владиката.

Дел од празнувањето беше режењето славски колачи со кои се определи кумовите за прославата за наредната година,.

Празнување на Попова шапка привлекува голем број од верници од сите краеви на Македонија.