Македонија
21. March 2021 - 19:29

МАН: Целосно е пополнета квотата за вакцинација на 100 медиумски работници

Пополнета е квотата од 100 лица за доброволна вакцинација против вирусот Ковид-19 со вакцината АстраЗенека која е закажана за вторник 23 март 2021 година, во Врање, Република Србија, информира Македонската асоцијација на новинари МАН.

-Сто (100) медиумски работници доброволно се пријавија на повикот на МАН да се заштитат со вакцинација против вирусот Ковид-19 и сите пријавени добија повратни email потврди дека се регистрирани за вакцинација. Деталите за организираниот автобуски превоз (време и место на поаѓање и враќање од Скопје до Врање и назад) официјално ќе ги доставиме утре претпладне, велат од МАН.

На барање на МАН, Здружението на новинари на Србија преку кабинетот на претседателот на Србија Александар Вучиќ, додаваат, ни  одобри вакцинација и ревакцинација за 100 лица.