Здравје
6. April 2017 - 10:02

Мамурлукот заминува во историјата

За надминување на мамурлукот по „бурната“ ноќ, многумина користат разни природни препарати или лекови, но една коземетичка компанија сега на пазарот исфрли спреј за отсранување на видливите негативни ефекти од прекумерната конзумација на алкохол.

Компанија „Ту Фејсед“ тврди дека спрејот ги отсранува видливите знаци на заморот од пијанството, како што се подочниците.

Според производителот, спрејот „што ќе го однесе мамурлукот во изторијата“. е изработен од кокосова вода, пробиотици и голем број билки, кои придонесуваат за посвеж изглед.