Балкан
1. March 2016 - 15:50

"Мамо спаси ме!" - Исповед на девојче од Шведска која на пат кон ИСИС поминала низ Србија

Марлин Стефани Невалаинен (15) од Шведска проговорила за своето искуство во Исламската држава, на чии редови се приклучила заедно со своето момче Моктаром Мохамед Ахмед (19).
 
- Отидов со него бидејќи бев заљубена. Не знаев што е ИСИС, ниту што е ислам - рекла Марлин, која минатата недела ја спасиле курдски специјалци.
 
Иако тврди дека не знаела ништо за терористичката група, со дечкото бремена минала низ осум земји, меѓу кои Србија и Македонија, се за да дојде до целта - ирачкиот град Мосул.
 
Марлин Стефани Невалаинен курдските сили прв пат ја спасиле кон крајот на октомври, но таа побегнала од нив и се вратила кај својот дечко на кого неколку дена подоцна му родила син, пишуваа шведските медиуми.
 
По прв пат за се проговорила претходната недела, откако на 17 февруари Курдите повторно ја спасиле. За "ТВ Курдистан 24" кажала дека својот дечко го запознала во средината на 2014 година.
 
- Ни беше убаво заедно, но потоа почна да гледа видеа од Исламската држава и често да зборува за нив. Тогаш ми рече дека сака да се приклучи на ИСИС, а јас се согласив да одам со него, не знаев што тоа значи, ниту пак знаев нешто за исламот - изјавила Марлин.
 
 
Нејзиното исчезнување во исто време во јуни го пријавило нејзиното биолошко семејство но и семејството кое ја згрижило, пишуваат шведските медиуми.
 
Според информациите, Марлин и Моктар имале традиционално муслиманско венчање во почетокот на 2015 во Стокхолм.
 
Девојката во интервју открила дека во Сирија влегла без пасош, криејќи се во возови. Рекла дека во воз влегле во Шведска, а потоа низ Данска, Германија, Унгарија и Словачка дошле до Србија, оттаму пешачеле до Бугарија, каде со автобус заминале до турската граница. Од Турција влегле во Сирија.
 
- Тогаш ИСИС не качи во автобус со уште некои жени и мажи и не одведе во Мосул, по што добив своја куќа. Немав ништо, ниту струја ниту вода, беше сосема поинаку од мојот живот во Шведска. Немав пари, беше многу тешко. Кого дојдов до мобилен телефон, веднаш ја исконтактирав мојата мајка и и реков дека сакам да се вратам дома - рекла Марлин.
 
 
Шведски "Dagens Nyheter" објавил содржина на пораките кои Марлин и ги испратила многу брзо откако избегала, во јуни претходната година, наведувајќи дека во меѓувреме родила дете, и тоа само неколку дена откако пропаднал првиот обид за нејзино спасување.
 
"Драга мамо, те молам спаси ме. Не можам веќе. Ќе умрам тука, или од бомба или ќе ме претепаат до смрт", напишала на нејзината мајка, додавајќи дека ќе се самоуби ако некој не ја извлече од Ирак. И пишувала криејќи се а еднаш успеала и да и се јави. И кажала на нејзината мајка дека животот во Ирак е многу тежок и дека живее во куќа без струја, храна и пари, но дека и нејзиниот дечко ја злоставувал.
 
 
"Вели дека ќе ме исфрли на улица кога ќе се роди детето и ќе ожени друга девојка која ќе биде мајка на бебето", напишала Марлин.
 
Откако е спасена се појавило видео кое е снимено од Моктар. Во него порачала на родителите дека никогаш нема да им се врати "нејзиното девојче". Се објавило и во Шведска а во него Марлин Стефани Невалаинен вели дека заминала бидејќи земјата е преполна со расисти.
 
Видеото го завршила со зборовите: "Фала на Бог, борбата допрва почнува".
 
Девојчето тврди дека нејзиниот дечко ја натерал на бегство од дома, таа никогаш не сакала да замине. Моктар според информациите подоцна е убиен во нападите на руските сили.
 
Советот на Курдската регионална безбедност објавило дека ги исконтактирала шведските власти но и семејството на Марлин, за да помогне во нејзино лоцирање и спасување. Девојката моментално се наоѓа во Курдистан и ќе биде предадена на шведските власти за што побрзо да биде вратена во својата земја.