Живот
23. April 2017 - 20:26

Мамо гледај ме каков сум, не сакам повеќе да живеам - и камен ќе заплаче по овие детски зборови!

Дете и неговата мајка веќе подолго време се борат со немилосреден тумор, но ниту една терапија вклучувајќи ја и хемотерапијата не успеа да му помогне, а 31 третман со радиотерапија на лицето на детето му предизвика болни изгореници.

Иако канцерот во еден момент се повлекол, повторно се вратил, поради што мајката на детето Ева Ситковски се обидела да ја собере огромната сумна пари за Кристијан да го продолжи лекувањето во Америка во болница во Хјустон  каде единствено се третираат успешно пациенти со ваква состојба.

Туморот кај детето му е дијагностициран во јануари 2016 година и оттогаш се наоѓа на постојано лекување. Уморен и исцрпен од болеста и терапиите како и од стравот дека ќе го загуби окото, детето  на мајката и рекло “дека не сака да живее повеќе“, што нејзе потполно ја скршило.

Мајката апелира до луѓето со добра волја преку станицата GoFundMe, да и помогнат да ги собере неопходните средства за продолжеток на лекувањето ан синот, а кое изнесува 200.000 фунти.

Кристијан има помал брат Оскар, а мајката апелира за помош со надеж дека и тој ќе има можност да расте покрај постариот брат.

На семејството му е соопштено дека Кристијано е добар кандидат за лекување во Барзински клиниката во Хјустон во која се применува терапија за заболени од истиот вид на тумор која дава многу добри резултати и до сега се спасени повеќе човечки животи.