Малта: Најмалку петмина загинати при уривање на авион
Најмалку пет лица загинаа кога мал авион, со кој се претпоставува дека веројатно патувале функционери на Европската унија, се урна утрово, непосредно по полетувањето од Малта, соопштија извори од аеродромот и очевидци, јавува ДПА.
Медиумските извештаи укажуваат дека станува збор за службеници од граничната агенција на ЕУ Фронтекс, но Фронтекст на Твитер тоа го демантираше.
„Авионот кој се урна на Малта не е на Фронтекс“, напиша на Твитер оваа агенција.
Весникот „Тајмс оф Малта", пренесува ДПА, соопшти дека воениот авион бил земен под наем од Луксембург за потребите на Фронтекс. Нема информации за националноста на жртвите.
Авионската несреќа, најтешка во мирновременската историја на Малта, се случила околу 7:20 часот по локално време (5:30 часот По Гринич), набргу откако авионот полетал во 7.10 часот за Мисрата, Либија.
Спасувачите бараат евентуални преживеани, иако се стравува дека сите загинале.
Авионот, двумоторен Метролајнер, може да превезува околу 10 лица. Дел од огнени остатоци се наоѓаат на пат во периметарот на аеродромот, а пожарникари го заливаат местото на несреќата со пена.
Видеоснимка покажува голем пожар, со столбови црн чад.
Ново на Сител
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван