Македонија
26. October 2017 - 12:54

Малолетник заврши во болница, крвнички претепан во 22-ка

Вчера во 19.35 часот од Градската општа болница “Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив дошол 15 годишен малолетник (од с.Никиштани-Скопје) ученик од Средно училиште “Цветан Димов“со повреди здобиени од физички напад кој се случил на бул. „Партизански Одреди“ во автобус бр.22.
 
Оштетениот во автобусот бил нападнат од повеќе ученици. Од страна на лекар констатирани му се телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.