Македонија
21. August 2017 - 14:44

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Битола

Вчера во 21.00 часот на крстосницата од улица „Павел Шатев“ и улица „Јунче Мурџевски“  во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Априлија“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Битола и патничко возило „Лада нива“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.П. (25) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник на мопедот од Битола.

Тој бил пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.