Македонија
1. July 2021 - 17:34

Малолетник со трактор прегазил 26-годишник во кочанско

Младо момче со повреди било донесено во болница во Кочани откако се повредил од трактор во движење.

-На 30.06.2021 во 12.15 часот во Полициската станица Кочани, од Општата болница Кочани било пријавено  дека кај нив за укажување на лекарска помош бил донесен Ф.В.(26) од Кочани, кој околу 12.00 часот во близина на с.Теранци, кочанско, се здобил со повреди од трактор во движење, управуван од малолетник од село Кучичино, кочанско, велат од МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани.