Македонија
19. јуни 2019 - 13:19

Малолетник со мотор изгубил контрола и излетал од патот- итно пренесен во болница

Рано утринава во 01 часот и 35 минути на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, 15 – годишник од Крива Паланка управувајќи мотоцикл „Зон Шен“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Според пријавеното мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Јавната здравствена установа-Крива Паланка.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.