Македонија
4. August 2021 - 17:07

Малолетник прободел 18-годишник во спортска обложувалница во Скопје

Вчера околу 23.00 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Полициска станица Аеродром, Д.У.(18) од Скопје бил повреден со остар предмет, велат од МВР.

Нему му била укажана лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза", каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По преземени мерки и активности било утврдено дека сторител на делото е 17-годишник од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.