Македонија
1. December 2021 - 17:20

Малолетник претепал друг малолетник во автобус на ЈСП

Вчера 49 годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат од друг малолетник во автобус на ЈСП. Како што велат од МВР:

„На 30.11.2021 околу 21.30 часот во СВР Скопје, Г.Д.(49) од Скопје пријавил дека неговиот малолетен син, додека се возел во автобус на ЈСП на релација од Центар кон населба Чаир, бил физички нападнат од друг малолетник“, соопштија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.