Македонија
25. July 2021 - 16:55

Малолетник пренесен во болница, паднал од тераса

Малолетник од прилепско паднал од тераса, по што бил пренесен во болница.

- На 24.07.2021 околу 15.20 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Гостиражни, прилепско, малолетник од с.Горно Јаболчиште, додека се играл, паднал од тераса од куќа сопственост на М.К., по што бил пренесен во болницата во Прилеп за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Увид на лице место извршила екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.