Македонија
5. April 2017 - 15:24

Малолетник ограбен во центарот на Скопје

Малолетник синоќа бил ограбен во центарот на Скопје од три лица кои му се заканиле со нож.

Како што информира МВР во дневниот билтен, инцидентот синоќа во 22:40 часот го пријавила неговата мајка Б.К.(47) од Скопје, а се случил околу 21:30 часот во Скопје, на ул.„11-ти Октомври“.

Трите непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над нејзиниот 17- годишен син при што му одзеле 900 денари, информираат од МВР.