Македонија
21. September 2016 - 14:01

Малолетник ограбен кај Транспортен центар

Синоќа околу 22:00 часот во ПС Аеродром Д.С. (22) пријавил дека околу 19:25 часот на ул.„Атанас Митрев“, во близина на Транспортниот центар неговиот 16-годишен брат бил пресретнат од три непознати малолетни лица кои физички го нападнале удирајќи го во пределот на главата и со закана со нож извршиле разбојништво.

На момчето притоа му одзеле сребрено синџирче и избегале, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 12.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчисување на настанот.