Македонија
28. May 2020 - 10:14

Малолетник од Битола се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода

На 27.05.2020 во 23:00 часот на крстосницата од ул. „Индустриска“ и ул. „Солунска“ во Битола, товарно моторно возило „пежо 208“ со скопски регистарски ознаки управувано од П.М.(48) од Битола удрило во моторцикл „јиа јуе“ со битолски регистарски ознаки управуван од 17-годишен малолетник од Битола.

По незгодата сопатникот на моторциклот, 15-годишен малолетник од Битола бил пренесен во Клиничката болница Битола каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.