Македонија
22. October 2021 - 16:12

Малолетник од Битола фатен при обид да краде велосипед во Скопје

Вчера во 10.50 часот на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар – Бит Пазар лишиле од слобода малолетник од Битола, затоа што бил затекнат во обид да изврши кражба на велосипед, сопственост на М.А.(62) од Скопје, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.