Македонија
1. July 2021 - 12:04

Малолетник на мопед тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Вчера во 14.15 часот било пријавено дека на локалниот пат Скопје - с.Пакошево се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „баотиан“, со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Зелениково и товарно возило „пежо партнер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ѓ.(65) од с.Зелениково, велат од МВР.

Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.