-->
-->
Малолетник изгубил контрола и паднал од мопед во Ченто: Момчето се бори за живот, сопатничката полесно повредена
-->
На 27.06.2018 година во 23:40 во Скопје, на улицата „Јужноморавски бригади“ 15-годишен малолетник од Скопје управувајќи мопед „Лонгија“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над мопедот, се излизгал со мопедот надвор од коловозот и паднал на тротоар.
Со возило на Итна медицинска помош тој и неговата сопатничка (на иста возраст) биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар на малолетникот му биле констатирани тешки телесни повреди (животно загрозувачки) и бил задржан на понатамошно лекување.
Сопатничката се здобила со телесни повреди и по укажаната лекарска помош била пуштена на домашно лекување.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406