Македонија
17. September 2019 - 19:05

Малолетник физички нападнат од повеќе лица во Лептокарија

Денеска околу 00.10 часот во СВР Скопје, З.С.(47) од Скопје пријавил дека на 16.09.2019 околу 22.30 часот во Трговски центар Лептокарија, по претходна расправија, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.