Македонија
6. November 2018 - 15:03

Малолетник физички нападнат на булевар „Трета македонска бригада“

Петнаесетгодишен малолетник вчера бил физички нападнат од друг малолетник на булеварот „Трета македонска бригада“.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 12.45 часот Е.К. (44) од Скопје пријавил дека околу 11,40 часот на булевар „Трета Македонска Бригада” бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад на неговиот 15-годишен син кој бил нападнат од друг малолетник.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.