Македонија
14. јуни 2019 - 19:09

Малолетник (17) пред кафеана избодел 20-годишно момче од Скопје

Вчера околу 21 ч. полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ш.A.(17) од Скопје поради тоа што пред угостителски објект на ул.„Бајрам Шабани“,со остар предмет му нанел повреда на Ш.J.(20) од Скопје. Ш.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.

Ш.A. е задржан во Полициската станица Бит Пазар и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.