Македонија
22. October 2017 - 14:06

Малолетници пронашле рачна бомба во Гази Баба

Малолетници пронашле рачна бомба на ул. Ордан Чопела во скопската општина Гази Баба.

Како што соопшти МВР, настанот вчера во 14:05 часот во Единицата за информации и команда Скопје, го пријавил Х.С.

На местото на настанот излегла екипа од Одделот за антитеротизам која ја подигнала рачната бомба.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот