Македонија
2. November 2016 - 14:24

Малолетници од струмичко украле коњ - Полицијата го расчистува случајот

СВР Струмица достави известување против еден тринаесетгодишник и еден дванаесетгодишник, двајцата од с.Баница, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Двајцата малолетници на 15.10.2016 година на Кванташки пазар во Струмица извршиле кражба на еден коњ со запрега, сопственост на Ѓ.З. од с.Куклиш, по што заминале во непознат правец. Со тоа причиниле материјална штета од 25.000 денари.