Балкан
8. February 2018 - 9:30

Малолетничка се однесувала чудно, а кога родителите го пронајдоа нејзиниот мобилен телефон откриле ужасна тајна!

Малолетничката најпрво негирала дека со неа се случува нешто, но подоцна признала дека е заљубена во стар човек чиј идентитет не сака да го открие.

Чуварот на едно училиште, 41-годишниот В.В. од село близу Прешево, е уапсен под сомнение дека обљубил 13-годишна ученичка.

Според она што е познато од истрагата, чуварот пред 9 месеци го завел малолетното девојче, а пред два месеци ја присилил на сексуален однос.

Овој случај на обљуба е откриен откако соучениците и наставниците на девојчето се посомневаа дека нешто не е во ред бидејќи таа повеќе не се однесувала како порано.

Прво другарите од одделението забележале дека девојчето се променило, па за тоа зборувале со наставниците.

Повикан е тим психолози и педагози и разговарано е со ученичката.

Малолетничката најпрво негирала дека со неа се случува нешто, но подоцна признала дека е заљубена во стар човек чиј идентитет не сака да го открие.

Во придружба на родителите, девојчето даде изјава во полиција, а по налог на јавен обвинител е уапсен осомничениот за ова страшно дело.

Во понатамошната истрага се потврди дека осомничениот В.В.кој освен во училиштето работел и како диџеј во ноќни клубови, на девојчето му купил мобилен телефон во кој беа пронајдени пораките кога барал да имаат состанок.

Од содржината на пораките откриено е дека неколку пати ја однел ученичката во мотел каде и ја одзел невиноста, а се пишува и дека и купувал подароци.

Како што пишува БЛИЦ, обвинетиот чувар на сослушувањето се бранел дека се му е наместено, дека ова е лага со цел да му се растури семејството.