Малолетничка од Лозово нападната од четири лица
Малолетничка од село Лозово била физички нападната од четири лица – две малолетнички, 19 годишниот Д.Д и 21 годишниот С.Р сите од Црнилиште. Нападот вчера попладнето во 18 часот во Полициската станица во Свети Николе го пријавил татко на нападнатата малолетничка.
-Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Свети Николе, 47 годишниот Н.С од село Лозово пријавил дека на 15 септември во периодот од 21.40 до 22.30 часот во неговата куќа во село Лозово, физички била нападната неговата малолетна ќерка од Д.Д и С.Р и две малолетнички, сите од село Црнилиште, светиниколско, се вели во соопштението од СВР-Штип.
За настанот бил информиран и Јавен обвинител, по чии насоки времено е одземен мобилен телефон од една малолетничка во кој се пронајдени снимки од кривично правниот настан. Надлежните од СВР-Штип посочуваат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација