Македонија
17. March 2019 - 14:48

Малолетничка нападната од две врснички во ресторан во Скопје

Малолетно девојче нападнато од две свои врснички во рерсторан во Скопје. Како што информира МВР, вчера во 15:00 часот во Полициската станица Центар, 47-годишната А.П. од Скопје пријавила дека нпретходниот ден во 22:00 часот во угостителски објект на улица „Костурски Херои“ нејзината 15-годишна ќерка била физички нападната од две малолетнички, што ги познавала. Полицијата мерки за расчистување на случајот.