Македонија
21. August 2021 - 12:24

Малолетен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Ресен

Вчера околу 18.40 часот на крстосница во автокамп Крани, Ресен, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „херк“, без регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Крани, ресенско и велосипед управуван од В.Н.(49) од Велес, велат од МВР.

Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на ОВР Ресен.