Живот
6. јуни 2016 - 14:27

Мало, а смртоносно: Ако ова животно ве касне - ќе умрете во најголеми маки

Летната сезона се ближи и сигурно кроите планови на кое приморје ќе го поминете вашиот одмор. Сепак, морате да земете во обѕир дека морето е преполно со опасни животни, а едно од таквите сигурно е медузата. 

Ируканџи е мала но многу отровна врста на медуза која е настаната во Австралија. Тие се толку мали ( помали од еден центиметар) што не  можете да ги забележите во вода, а толку опасни што се прогласени за едни од наЈопасните животни на светот. 

Овој отров предизвикува симптоми на „ирукаџи синдром“. Тој се манифестира низ неверојатна силна болка, грчеви, гноење и вртоглавица. Противотров за ируканџи медузи  не постои, а доколку нивниот убод не се излечи во рок од 20 минути, жртвата веројатно ќе умре од срцев удар. 

Отровот на оваа медуза делува во организмт и до седум дена, а луѓето кои се убодени од медузата обично добиваат голема доза на морфиум, за да можат да ги поднесат болките.