Мало дете, голем херој: 6-годишно девојче се грижи за парализираниот татко откако мајката ги напушти
Деновиве светот го одушеви вест за 6-годишно девојче кое само се грижи за парализираниот татко откако мајката ги остави. Посветеноста и љубовта на малата Ѓа Ѓа од Кина допре до милиони срца.
Имено, Ѓа Ѓа и таткото Тјен биле напуштени од нејзината мајка во 2016 година, по страшната сообраќајна несреќа во која тој едвај преживеал. Мајката со себе го одвела и постариот брат на Ѓа Ѓа.
Веќе две години, инспиративното девојче прави сè што е потребно за да му го олесни животот на татко си и се грижи за семејниот дом.
Ѓа Ѓа станувала во 6 часот наутро и започнувала да му ги масира мускулите на татко си. Потоа му помагала да јаде, да се измие заби и лице, а дури потоа одела на училиште. Додека е во школо, за Тјен се грижеле неговите родители.
- На почетокот не знаев како да му ја бричам брадата и му го сечев лицето и крвавеше. Но, татко ми велеше дека не го боли. Сега, многу сум добра во бричење на брадата, вели посветената ќерка.
Дедото на Ѓа Ѓа направи справа која ѝ помага да го преместува татко си од креветот во количката. Тјен вели дека најтешкото за неговата ќерка е кога треба да го пренесува низ куќата, бидејќи е многу потежок од неа.
–„Воопшто не се уморувам кога се грижам за татко ми, вели Ѓа Ѓа.
Ново на Сител
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја