Џет-Сет
27. November 2017 - 14:01

Mалкумина знаат како Брена го добила прекарот: Саша Поповиќ не ја нарече „Лепа Брена“, туку овој човек од БиХ

Лепа Брена е родена во Тузла во 1960 година како Фахрета Јахиќ. Уште како девојче била амбициозна, а основното училиште го завршила како првенец на генерација. 
 
Својот настап го имала на натпреварот „Млади градители“, каде го освои првото место со песната на Кемал Монтено „ Свири уште приајтелу мој“. 
 
Освен за музика Фахрета била талентирана и за спорт. Тренирала кошарка во еден клуб во Тузла, а нејзиниот тренер  и професор по физичко за време на игра сосема случајно и го дал прекарот Брена.
 
Брена набрзо почнала да настапува со момците од бендот Јудекси. Кога ја завршила гиманзијата се преселила во белград, каде запишала туризам на Природно - математичкиот факултет. 
 
Меѓутоа, половина од татковата плата одела за нејзиното школување, а другата половина за целото семејство Јахиќ, Брена по година дена ги напуштила студиите и се вратила во Тузла, каде почнала да пее за хонорар. Набрзо станала позната како „ малата која пее рок“. 
 
На почетокот од 80-тите неа ја повикал Саша Поповиќ за да пее во неговиот бенд. 
 
Бендот по година дена го променл името во „ Сладок грев“ и така почнала кариерата на една од најголемите ѕвезди на овие простори -Лепа Брена.