Живот
2. May 2018 - 19:01

Малиот Љуба, чудото од дете „растури“ со хитот од Здравко Чолиќ

Mузичкото  шоу „Пинкови ѕвездички“ се емитува на Пинк телевизија, каде редовно настапуваат таленти кои воодушевуваат со својог глас.

Откако се појави на розовата телевизија, Љуба Станковиќ со своите пет години е малиот славеј кој при секој свој настап воодушевува и кога тој пее плаче публиката, го обожаваат во целиот регион.

И овој пат малиот Љуба го крена жирито на нозе и доби громогрласен аплауз од цела публика во салата. Тој го отпеја хитот „Као моја мати“ од Здравко Чолиќ.

-Ти си прекрасен и не знам што да кажам. Од толку мало дете доаѓа толку голем глас и силна емоција. Дури имаше и кореографија. Љубов, беше прекрасен, изјави Ивана Претрес.

Гоца Тржан истакна дека сите навиваат за него.