Свет
14. January 2016 - 17:46

Малиот Ајлан пораснал и напаѓа жени на улица, Шарли Ебдо со нова контроверзна карикатура

Францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо“ објави карикатура посветена на нападите врз жени на Новогодишната ноќ во Келн, што предизвика поделби во јавноста во Франција, при што некои оценија дека магазинот овојпат „навистина претерал“.

Како што обајви „Индепенднет“, на карикатурата е прикажано тригодишното момче Ајлан Курди, кое се удави крај бреговите на Турција и чија смрт ја потресе меѓународната јавност, како, овој пат како возрасен, извршува сексуални напади на улиците на Келн.

Под карикатурата стои натписот: „Што ќе правеше малиот Ајлан кога ќе пораснеше? Ќе трчаше по задници во Германија.“