Мали сипаници се шират во Европа, најкритично е во Италија и Романија
Светската здравствена организација предупреди дека во Европа се шири епидемија на мали сипаници, особено во државите во кои е забалежано намалување на процентот на вакцинирање на децата.
Само од почетокот на година во Италија се разболеа 200 луѓе, а во Романија од јануари 2016 година до денес се регистрирани 3.400 случаи на мали сипаници, од кои починале 17 заболени.
- Станува збор за заразна болест, која може рапидно да се прошири. Единствена заштита против сипаници е вакцинирањето, но тоа има ефект само ако е спроведено на ниво на цела држава, односно ако се вакцинирале барем 95 проценти од населението, нагласува СЗО.
Ситуацијата е загрижувачка и во Франција, Германија, Полска, Швајцарија, каки и во Украина, каде бројот на заболените е во постојан пораст.
- Во некои држави, како на пример во Украина проблем е недостиг на вакцини. Во Франција процедурата е прекомплицирана, пациентите прво мораат да се најават кај својот лекар по општа медицина, од него да добијат рецепт, сами да ја купат вакцината во аптека и потоа повторно да се најават и да одат да ја примат, вели Сузана Јакаб од СЗО.
Во Велика Британија лани лекарите забележале пораст на заболени адолесценти, кои се заразиле на масовни собири, како музички фестивали на отворено.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите