-->
-->
Малезија сака ДНК примероци од семејството на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун
-->
Малезија нема да и го предаде на Северна Кореја телото на Ким Џонг-нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој беше убиен пред неколку денови, доколку семејството не испрати ДНК примероци, соопшти денеска малезиската полиција.
- Досега ниту еден член на семејството или близок не дошол да го идентификува телото. Имаме потреба од ДНК примероци од член на семејството за да го потврдиме идентитетот на починатиот, наведе претставникот на малезиската полиција Абдул Мат.
- Северна Кореја побара телото да биде вратено, но прво треба да го идентификуваме, дополни Мат.
Малезискиот вицепремиер Ахмад Хамиди изјави вчера дека лицето што беше убиено во понеделникот на аеродромот во Куала Лумпур всушност е Ким Џонг-нам.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата