Бизнис
18. February 2016 - 11:27

Малезија ќе прими 1,5 милиони работници од Бангладеш

Малезија и Бангладеш денеска потпишаа меѓувладина спогодба според која во наредните три години, легално, во Малезија ќе можат да се вработат еден и пол работници од Бангладеш. Малезиските работодавачи ќе бидат обврзани на вработените од Бангладеш да им даваат минимална плата од 1.946 локални рингити, односно 466 американски долари.

Гарантираната минимална плата е два до три пати поголема од таа што сега ја добиваат работниците од Бангладеш кои, најчесто илегално, во Малезија работат во градежниот сектор, на фармите, или како послуга.

Се смета дека над три милиони жители на Бангладеш илегално работат во добростоечките држави од југоисточна Азија. Жителите на оваа држава лани беа најбројни меѓу 150-те илјади емигранти кои со недели се обидуваа да со мали бродови да дојдат до Тајланд и Малезија. Нивната судбина лани беше прогласена за најголема хуманитарна катастрофа во Азија по завршувањето на војната во Виетнам.