Бизнис
11. August 2019 - 11:45

Малезија ги обвинува директорите на Голдман Сакс за проневера

Малезија поднесе обвинение против 17 актуелни и поранешни директори на американската инвестициска банка Голдман сакс поради сомнение дека учествувале во проневери со вредност од неколку милијарди долари.

Шефот на таа банка за странски операции Ричард Гнод е обвинет дека во 2012 и 2013 помагал при собирањето 6,5 милијарди долари за малезискиот државен инвестициски фонд 1МДБ, од кои две третини наводно се проневерени.

Постои сомнение дека во тоа учествувал и поранешниот малезиски премиер најиб Разак, а според обвинението, во тоа му помогнале банкарите од Голдман Сакс. Главниот обвинител Томи Томас најави дека ќе бара затворска казна за обвинетите.

Меѓу обвинетите се сегашни и поранешни директори на таа банка во Лондон, Хонг Конг и Сингапур, и доколку бидат прогласени за виновни се соочуваат со затворска казна до 10 години и парична казна од најмалку 200 илјади фунти.