Македонија
25. March 2016 - 12:42

Малечката невеста од Ранковце: 14- годишно во вонбрачна заедница со постар маж

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.Р. (23) од Крива Паланка, В.П. (55) и С.П.(39), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со малолетно лице“.

Т.Р. во периодот од 28.02. до 10.03.2016 година, во својата куќа во с. Ранковце живеел во вонбрачна заедница со четиринаесетгодишно девојче. 

Второ и трето пријавените како родители на истата, откако од страна на полициски службеници била вратена во нивниот дом, повторно и допуштиле да живее во вонбрачната заедница со Т.Р.