Џет-Сет
31. August 2017 - 16:55

Малечката Мартија од Куманово порасна, ја смени фризурата и целиот имиџ: Ова е новиот изглед на „Пинк ѕвездичката“

Младата и талентирана кумановка, Марија Станојковиќ, која јавноста ја запозна преку учеството во регионалното музичко шоу за таленти „Пинкови ѕвездички“, како и по претставувањето на Македонија на детската Евровизија во 2016 година, денес изгледа сосема поразлично.

Имено, оваа шармантна млада дама е голема љубителка на модните трендови, па постојано изненадува со трансформациите кои ги прави на себе. Пред неколку месеци ја обои косата во неколку различни нијанси, а сега целосно го трансформираше имиџот – како со фризурата, така и со изборот на гардероба.

Мартија е една од поактивните членови на социјалната мрежа Инстаграм, каде постојано реди нови објави, а од последните тешко би можеле да ја препознаете дека станува збор за истото малечко девојче.

Талентираната кумановка ја сплети косата во плетенки, облече мрежести чорапи, краток топ и здолниште, па застана да позира пред фото- објективот.