Балкан
13. April 2016 - 15:42

Малата Јана проговори: Откри што се случувало дента кога е убиена Јелена!

Полицијата за понатамошната истрага за убиството на пејачката Јелена, повторно ја сослушала нејзината ќерка Јана (5). Таа рекла дека во времето кога Јелена исчезнала, се играла со нејзиниот татко, а тоа го избришало името на Зоран од списокот на главните осомничени.
 
- Тато и јас се игравме а мама трчаше. Не ја видов потоа, ми рекоа дека исчезнала - кажала малата Јана.
 
Зборовите на малата Јана го избришале името на Зоран од списокот на осомничени.
 
Петгодишното девојче на психолозите во присуство на полицијата им раскажала што се случувало на 2. април кога е убиена нејзината мајка, пренесува српски Телеграф.
 
Како што наведуваат извори од истрагата, разговорите со деца, мора да се одвиваат пополека и внимателно, за да не се нанесе поголема болка на веќе трауматизираното дете.