Фудбал
21. December 2015 - 9:21

Малага го изненади Атлетико Мадрид

 
Екипата на Малага направи изненадување со победата над фаворизираниот Атлетико Мадрид од 1:0 во последниот меч од 16.коло на шпанската Примера.
 
На дуелот одигран синоќа на „Ла Росаледа’’ во Малага, домашниот тим до победата стигна со голот на Бразилецот, Чарлс де Оливеира постингат на четири минути пред крајот. Со оваа победа и новите три бода Малага напраи скок на табелата од три места и сега е на 13-тата позиција, додека Атлетико за кој ова беше трет пораз сезонава пропушти шанса да да ја мине Барселона на првото место. 
 
На останатите натпревари од ова коло беа постигнати следниве резултати: Валенсија – Гетафе 2:2, Еспањол - Лас Палмас 1:0, Бетис – Севиља 0:0, Депортиво Ла Коруња – Еибар 2:0, Реал Мадрид - Рајо Ваљекано 10:2, Сосиедад – Виљареал 0:2, Гранада - Селта Виго 0:2 и Атлетик Билбао – Леванте 2:0. 
 
Натпреварот меѓу Спортинг Хихон и Барселона е доложен за 17 девруари2016, поради настап на Барселона во финалето на Светското клупско првенство.
 
Табела: Барселона 35 бодови (-1 натпревар), Атлетико Мадрид 35, Реал Мадрид 33, Селта Виго 31, Виљареал 30, Депортиво Ла Коруња 26, Атлетик Билбао 24..